„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, по скратена постапка

18.09.2023

Цели на законот:
Предложените законски решенија се во насока рокот за поднесување на барањата за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост да биде неограничен и воедно се предлага да се избришат законските одредби кои се однесуваат на воспоставување на закуп по службена должност, или по барање на сопственикот на објектот кој нема стекнато право на сопственост на градежното земјиште во државна сопственост на кое е изграден објектот. Предлог на законот се засновува врз истите начела врз кои се заснова Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.