„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
24.01.2022
Според Известувањето на Министерството за економија, целта на подготовката на Законот за концесии на добра од општ интерес е да се создаде посебна правна рамка за доделување на концесиите на добра од општ интерес, која ќе содржи прецизни и јасни одредби за целокупниот процес на доделување на концесиите на добра од општ интерес, како и пропишување на правила за нивна доследна имплементација, преку кои ќе се обезбеди поголема транспарентност и ефикасност при делувањето на договорите во оваа област.