„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на Закон за изменување на Законот за хартии од вредност, по скратена постапка

03.09.2023

Цели, начела и основни решенија:
Основните цели поради кои се предлага овој закон се: -да се продолжи рокот за задолжителна котација, заради поголема транспарентност на друштвата преку воведување на обврска за нивна задолжителна котација. Предлогот на закон за изменување на Законот за хартии од вредност се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот закон. Основни решенија на Предлогот на закон се: - продолжување на рокот за задолжителна котација за период од три години.
Член 1
Во Законот за изменување на Законот за хартии од вредност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 288/21) во членот 6 зборовите: „30 април 2024 година“ се заменуваат со зборовите: „30 април 2027 година“.