Врз основа на член 32 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.282/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 август 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИНТЕРВЕНТЕН ФОНД ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2023 ГОДИНА
I
Во Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/23) во делот II во табелата по подмерката 1.1. се додаваат три нови подмерки 1.2., 1.3. и 1.4. кои гласат:
(8) Финансиската поддршка од делот II за подмерката 1.4. „Финансиска поддршка за продадени количини на домат и краставица произведени под контролирани услови“ од оваа програма ќе се врши врз основа на поднесено барање за продадени количини на домат во период од 5 април до 31 мај 2023 година и краставица од 5 април до 15 мај 2023 година произведени под контролирани услови, најдоцна до 15 септември 2023 година, заедно со финансови документи за извршена продажба (кога се плаќа на сметка се доставува фактура со испратница и доказ за извршената наплата по фактура, банков извод од редовна наплата, изјава за компензација со банков извод од помината компензација, договор/изјава за цесија со банков извод за помината цесија, картица за партија, договор за одложено плаќање заверен на нотар, а кога се плаќа во готово се доставува фискална сметка и банков извод за извршена уплата на готовина од дневен пазар или извозно царинска декларација за остварен извоз, фактура со испратница и доказ за извршената наплата по фактура, банков извод од редовна наплата, изјава за компензација со банков извод од помината компензација, договор/изјава за цесија со банков извод за помината цесија, картица за партија, договор за одложено плаќање заверен на нотар).
III
Оваа програма влегува во сила наредниот ден со денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-8440/4 Прв заменик на претседателот
22 август 2023 година на Владата на Република
Скопје Северна Македонија,
д-р Artan Grubi, с.р.