„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник бр.180 од 4.08.203 г. Одлука од Агенција за електронски комуникации

25.08.2023

Врз основа на член 106 став 3 од Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Македонија“ број 39/2014, 188/2014, 44/2015, 193/2015, 11/18, 21/18, 98/19 и 153/19), а во врска со член 33 став 2 од Правилникот за обезбедување на услугите опфатени со универзална услуга („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 185/2014), Директорот на Агенцијата за електронски комуникации на ден 17.8.2023 година ја донесе следната:
О Д Л У К А
I
Износот на средствата кои операторите на територијата на Република Северна Македонија кои годишно остваруваат минимум бруто приход од 100.000 евра од обезбедување на јавни електронски комуникациски мрежи и/или услуги, треба да го уплатат во компензацискиот фонд за универзална услуга за 2023 година, се утврдува во висина од 0% од вкупниот приход што го има остварено операторот од обезбедување на јавни електронски комуникациски мрежи и/или услуги во 2022 година.
II
Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување, а ќе се објави во “Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
Согласно член 106 став 3 од Законот за електронските комуникации од Законот за електронските комуникации (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 39/2014, 188/2014, 44/2015, 193/2015, 11/18, 21/18, 98/19 и 153/19), а во врска со член 33 став 2 од Правилникот за обезбедување на услугите опфатени со универзална услуга, висината од 0% е определена согласно проценетите потребни средства во компензацискиот фонд за универзална услуга за 2023 година, со што во Компензацискиот фонд има акумулирани средства од кои ќе се врши исплата на нето трошоците на давателите на универзална услуга што се пресметуваат како разлика меѓу нето трошоците за обезбедување на универзалната услуга и нето трошоците кои давателот на универзална услуга би ги имал кога не би бил давател на универзална услуга при што се зема предвид проценетата добивка и нематеријалните поволности што ги има давателот на универзална услуга при обезбедувањето на на универзална услуга.
Висината на средствата за надоместување на нето трошоците Агенцијата ги обезбедува од операторите кои поседуваат јавни комуникациски мрежи и/ или даваат јавни комуникациски услуги на територијата на Република Северна Македонија кои годишно остваруваат минимален бруто приход од 100,000 Евра, согласно членот 35 од Правилникот за обезбедување на услуги опфатени со универзалната услуга. Износот на средствата за 2023 година, се утврдува во висина од 0% од вкупниот приход од претходната 2022 година, остварен со вршење на работи со јавни комуникациски мрежи и/или обезбедување на јавни комуникациски услуги.
Врз основа на горенаведеното, согласно член 106 став 3 од Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 39/2014, 188/2014, 44/2015, 193/2015, 11/18, 21/18, 98/19 и 153/19), а во врска со член 33 став 2 од Правилникот за обезбедување на услугите опфатени со универзална услуга („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 185/2014), Директорот на Агенцијата за електронски комуникации ја донесе оваа одлука како во диспозитивот.
 
Бр. 0501-1545/1                                                                Директор,
17 август 2023 година                                                  Jeton Akiku, с.р.
С к о п ј е