„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за решавање банки, по скратена постапка

23.08.2023

Цели, начела и основни решенија на предлог законот.
Со усвојувањето на Предлогот на законот за решавање банки ќе се обезбедат предуслови за остварување на следните цели: • одржување на финансиската стабилност и избегнување на значително негативно влијание врз финансискиот систем; • обезбедување континуитет на критичните функции на банката; • заштита на јавните средства преку сведување на минимум на можноста за користење вонредна државна финансиска помош; • заштита на депонентите коишто имаат обезбедени депозити; • заштита на средствата на клиентите на банката; • воспоставување на Фонд за решавање банки и • утврдување на Народната банка како орган надлежен за решавање на банки. Законот чие донесување се предлага се заснова врз следните начела: • обезбедување на пазарна дисциплина и доверба на јавноста во банкарскиот сектор; • унапредување на регулаторната и супервизорската рамка; • заштита на јавните средства; • непристрасност и независност во вршењето на активностите на надлежниот орган за решавање на банки; • стручност, професионалност и висок степен на професионална одговорност на вработените во банките и на вработените во Народната банка на Република Северна Македонија.
Основни решенија на предлогот на закон се: • утврдување на овластувања и задачи на надлежниот орган за решавање банки (resolution authority); • утврдување на институциите кои треба да имаат план за решавање (recovery plan); • воспоставување, финансирање и користење на средствата на Фондот за решавање банки; • утврдување на процесот, условите и инструметите за решавање банки; • утврдување на начините за финансирање на решавањето;