„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

11.01.2022

Според Известувањето на Министерството за транспорт и врски, целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање е да се одговори на потребите на единиците на локална самоуправа како носители на процесот на урбанистичко планирање, да се поедностават одредени чекори од процесот и да се овозможи повисок степен на флексибилност во делот на содржината на урбанистичките проекти. 
Со предложениот текст се изменуваат и дополнуваат одредбите со кои се уредуваат документационата основа на урбанистичките планови, отпочнувањето на постапка за донесување на урбанистички планови, условите за планирање на просторот, планската програма, избор на изработувач на урбанистичкиот план и урбанистичкиот проект, дигиталното преклопување на плановите, пренаменувањето на земјиштето во градежно земјиште, изводот од урбанистички план, урбанистичкиот проект, постапката за одобрување на урбанистички проект, урбанистичкиот проект со план за парцелација и други.

Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање е достапен на следниот линк