Врз основа на член 65 од Законот за катастар на („Службен весник на Република Македонија“ број
55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2105, 192/2015, 61/2016, 172/2016, 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 124/2019), Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ
НА МЕНУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА КАТАСТАРСКИТЕ ОПШТИНИ И ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА
КАТАСТАРСКИТЕ ОПШТИНИ КОИ СЕ ОДРЖУВААТ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ СКОПЈЕ И СЕКТОРИТЕ ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Член 1
Во Правилникот за начинот на менување на границите на катастарските општини и за определување на катастарските општини кои се одржуваат во Центарот за катастар на недвижности Скопје и секторите за катастар на недвижности во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 159/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 183/2019 ), во членот 12, во точка 4, под точка 4.1 Одделение за катастар на недвижности Свети Николе, во табелата, редот Дорфулија – вонград се брише.
Член 2
Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 0101-10600/1 Претседател
27 јули 2023 година на Управен одбор,
Скопје Роберт Бешовски, с.р.
О б р а з л о ж е н и е
Со членот 1, во Правилникот за измена на правилникот за начинот на менување на границите на катастарските општини и за определување на катастарските општини кои се одржуваат во Центарот за катастар на недвижности Скопје и секторите за катастар на недвижности во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 159/2013 и „Службен весник на Република 0Северна Македонија“ бр. 183/2019 ), во членот 12, во точка 4, под точка 4.1 кои се однесуваат на катастарските општини во Одделение за катастар на недвижности Свети Николе, се брише КО-Дорфулија–вонград, бидејки истата е содржана во КО – Дорфулија во катастарскиот план и операт.