„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.157 од 25.07.2023 г. Правилник за формата и содржината на барањето за враќање на платена акциза за енергенти и потребната документација која треба да се достави кон барањето

26.07.2023

Врз основа на член 15–а став (2) од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.163/21 и 111/23), министерот за финансии донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО
ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПЛАТЕНАТА АКЦИЗА ЗА
ЕНЕРГЕНТИ И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ДОСТАВИ КОН БАРАЊЕТО
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето за враќање на платената акциза за енергенти и потребната документација која треба да се достави кон барањето.
Член 2
(1) Барањето за враќање на платената акциза за енергенти се поднесува на образец ,,Б - ВПА”, на хартија во бела боја во А4 формат.
(2) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (1) на овој член, се дадени во Прилог, кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
Кон барањето од членот 2 од овој правилник се доставува следната документација:
- фактури за извршениот промет на енергенти кон Стратешкиот партнер (со износот на платената акциза, како и името (називот) на примателот на енергентите и називот на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија);
- потврда од Инвеститорот дека енергентите се употребени за изградба на Коридор 8 (автопатски делници: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10д (автопатска делница Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија и
- доказ за платената акциза за енергенти согласно прописите од областа на акцизите.
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 20-5221/1
20 јули 2023 година                                          Министер за финансии,
Скопје                                                                       д-р Fatmir Besimi, с.р.