„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на Закон за донирање на вишок храна

20.07.2023

Со носење на законот ќе се овозможи правна рамка која ќе обезбеди олеснети процедури и брза прераспределба на храна од донатор на вишок на храна до корисник и краен корисник. Ќе се воспостави транспарентен начин на прераспределба на храна преку електронска платформа како централна база на податоци за количини на донирана храна, регистрирани оператори со храна ( донатори на вишок на храна – посредници), кој досега не постоеше и ќе се потикнат донатори на вишок на храна да донираат на оној на кој најмногу му треба.