„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.146 од 11.07.2023 г. Решение за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во РСМ кои потекнуваат од Република Хрватска

12.07.2023

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ
ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОИ ПОТЕКНУВААТ ОД РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
 
Член 1
Со ова решение заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума се забранува увоз и транзит во Република Северна Македонија на:
1) домашни и диви свињи кои потекнуваат од Република Хрватска и
2) производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат од Република Хрватска, и тоа:
- семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони од свињи,
- нуспроизводи и деривати на нуспроизводи од свињи,
- свинско месо, производи од свинско месо, преработки од свинско месо, мешовити и други производи кои содржат свинско месо.
Член 2
По исклучок на член 1 од ова решение, се одобрува увоз и транзит во Република Северна Македонија на:
1) домашни и диви свињи кои не потекнуваат од региони наведени во Прилогот кој е составен дел на ова решение,
2) семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони од свињи кои не потекнуваат од региони наведени во Прилогот на ова решение,
3) свинско месо, производи од свинско месо, преработки од свинско месо, мешовити и други производи кои содржат свинско месо, нуспроизводи и деривати на нуспроизводи од свињи, кои не потекнуваат од региони наведени во Прилогот на ова решение и
4) производи од свинско месо, преработки од свинско месо и мешовити производи кои содржат свинско месо кои потекнуваат од региони наведени во Прилогот на ова решение, доколку свинското месо од кое се добиени било подложено на еден од следните специфични третмани, и тоа:
- обработка во херметички затворен контејнер до F0 вредност од три или повеќе;
- термички третман што обезбедува постигнување на температура од најмалку 80°C што треба да помине низ производот од месо во текот на преработката на месото;
- термичко третирање на производите од месо, во херметички затворени контејнери на температура од најмалку 60°C за период од најмалку 4 часа, што обезбедува постигнување на температура од најмалку 70°C во внатрешноста на производот за периодот од 30 минути;
- природна ферментација и созревање на месото во времетраење од најмалку девет месеци за обезкостено месо, кое треба да ги добие следните карактеристики:
Aw вредност од најмалку 0,93 или pH вредност од најмалку 6,0 и
- природна ферментација и созревање во времетраење од најмалку 190 дена за шунка и 140 дена за слабина.
5) нуспроизводи и деривати на нуспроизводи од свињи кои потекнуваат од региони наведени во Прилогот на ова решение, и тоа:
- четини за индустриска употреба, доколку биле подложени на еден од следните третмани:
i) вриење во период од најмалку 30 минути,
ii) потопување во 1% раствор на формалдехид во времетраење од најмалку 24 часа,
- кожи и трофеи, доколку биле подложени на еден од следните третмани:
i) вриење во вода за период кој ќе овозможи целосно отстранување на органски материи освен коски, бивни и заби,
ii) потопување во 4% раствор на натриум карбонат (Na2CO3) со одржана pH вредност од 11.5 или повеќе, во времетраење од најмалку 48 часа,
iii) потопување во раствор на мравја киселина (100кг сол (NaCl) и 12 кг мравја киселина на 1000 литри вода) со одржана pH вредност од 3 или повеќе, во времетраење од најмалку 48 часа,
iv) во случај на сирови кожи, третман од најмалку 28 дена во сол (NaCl) кој содржи 2% на натриум карбонат (Na2CO3).
v) третман во 1% раствор на формалин во времетраење од најмалку 6 дена.
- течно и цврсто шталско ѓубриво, доколку е подложено на еден од следните третмани:
i) влажен термички третман на температура од 55°C во времетраење од најмалку 1 час и
ii) влажен термички третман на температура од 70°C во времетраење од најмалку 30 минути,
- други нуспроизводи и деривати на нуспроизводи неспоменати во алинеите 1, 2 и 3 од овој став, доколку биле подложени на:
i) термички третман на температура од 90°C во времетраење од најмалку 1 час,
 ii) термички третман на температура од 121°C во времетраење од најмалку 10 минути под притисок од најмалку 3 бара (bar) и
iii) друг еквивалентен третман кој ќе го уништи вирусот на aфриканска свинска чума.
Член 3
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 02 – 554/2                   Агенција за храна и ветеринарство
29 јуни 2023 година                            в.д. Директор,
Скопје                                              Николче Бабовски, с.р.