„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на Закон за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој

13.07.2023

ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ
Основна цел е, воспоставување на квалитетен советодавен систем преку обезбедување совети за правилна примена на законодавството на ЕУ и националното законодавство во областа на земјоделството и руралниот развој. Советодавниот систем се воспоставува и со цел да се подигне и подобри нивото на знаење, вештините и капацитетот на земјоделците во руралните средини, преку обезбедување совети за правилна примена на добрите земјоделски и еколошки практики, како и помош во поддршката за подобрување на конкурентноста во земјоделството и оддржливите земјоделски практики. Особено важна цел на регултивата е структурално и организационо подобрување на постоечкиот советодавен концепт во Република Северна Македонија. Со пропишување на видовите и типовите на советници, програмите и видот на обуките низ кои треба да поминат, условите кои ќе треба да ги исполнат за да бидат регистрирани потенцијалните даватели на услуги ќе се постигне поголема конкурентност, подобар квалитет и зајакнување на капацитетите на давателите на советодавни услуги.