„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
17.03.2023
87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, l80/14, 146/15 и 52/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.151/21), Владата на Република Северна МакедониЈа, на седницата, одржана на 14 март 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИТЕ ЗА 2023 ГОДИНА
I
Со оваа програма се утврдуваат средствата за из- вршување на работите согласно член 212 од Законот за водите и тоа за: управување и развој на водните ресур- си и надоместување на трошоците за работење на орга- ните на државната управа и органите и организациите кои имаат соодветни надлежности во управувањето со води, изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти, изградба на нови и одржување и унапредување на постојните хидросистеми и хидромелиоративни системи, одржува- ње и заштита на природните езера, одржување на водо- теци, изградба и одржување на објекти за регулација на водотеци, заштита од штетните дејства на водите (еро- зија и порои) вон населени места, подготовка на плано- ви за одбрана од поплави и замрзнување, планови за заштита од ерозија и порои, подготовка на соодветни планови за заштита од други штетни дејствија на води- те вон населените места, контрола на состоЈбите и со- бирање и обработка на податоците за резерви на вода и нивно рационално користење, хидрогеолошки и други истражувања, подготвување и организирање на спрове- дувањето на програмата за мерки за заштита на водите од загадување, мониторинг и утврдување на состојбата со квантитетот и квалитетот на водите и мониторинг на безбедноста на водата за консумирање од страна на чо- векот, воспоставување и одржување на заштитни зони и изградба на одржување на објекти за заштита на во- дите од загадување.
II
Средствата за извршување на работите наведени во дел I од оваа програма, кои се утврдени во членовите 206, 213, 214 и 215 од Законот за водите ќе се остварат од следните извори:
|
1.6
|
Правни и физички лица кои користат вода од јавен или сопствен водоснабдителен систем на геотермални води - 7 денари од утврдената цена за метар кубен искористена вода
|
1.7
|
Правни и физички лица, кои користат вода за одгледување на риби, во рибници и во кафези и водни птици- 3% од продажна цена на килограм риба, односно птици
|
1.8
|
Правни и физички лица кои користат вода за наводнување - 2% од утврдена цена на метар кубен за хектар земјиште
|
1.9
|
Правни и физички лица кои користат вода за одводнување -1% од утврдена цена на метар кубен од давателот на услугата
|
1.10
|
Правни и физички лица кои користат вода за миење и сепарирање на песок, чакал и камен - 2% од цената на метар кубен сепариран материјал
|
2.
|
Надоместок за испуштање на води од:
|
2.1
|
Правни и физички лица кои испуштаат непречистени отпадни води и води со променливи својства и отпадни материи и супстанции во реципиентите, а немаат уреди за прочистување - 1% од утврдената цена за собирање и третман на отпадни води
|
3.
|
Надоместок за вадење песок, чакал и камен од:
|
3.1
|
Правни и физички лица кои со дозвола вадат песок, чакал и камен од коритата и бреговите на водотеците, езерата, акумулациите, пороите и другите површински водни тела и површините кои во Катастарот на недвижности се заведени „под води” - 7% од цената на метар кубен изваден песок, чакал и камен
|
4.
|
Закупнина од земјиштето во сопственост на државата дадено под закуп, а коешто во Катастарот на недвижности е заведено „под води”
|
5.
|
Буџетот на Република Северна Македонија
|
6.
|
буџетите на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје
|
7.
|
Други финансиски извори во согласност со закон
|
ИЗВОРНИ ПРИХОДИ
|
|
1.
|
Надоместок за користење на води од:
|
1.1
|
Правни лица кои произведуваат електрична енергија од хидроелектрични централи за секој произведен киловат час - 1% од производната цена
|
1.2
|
Правни лица кои произведуваат електрична енергија од термоелектрични централи за секој произведен киловат час - 0,5% од производната цена
|
1.3
|
Правни лица кои користат вода од јавен или сопствен водоснабдителен систем, за консумирање, за секој употребен или искористен метар кубен искористена вода-2% од утврдената цена од давателот на услугата
|
1.4
|
Правни и физички лица, кои користат вода од јавен или сопствен водоснабдителен систем, за комерцијални цели (флаширање на вода) - 0,5% од продажната цена на производот
|
1.5
|
Правни и физички лица, кои користат вода за производство на храна, пијалоци и технолошки потреби - 2% од цената на метар кубен искористена вода во јавниот водоснабдителен систем
|
III
Вкупно планираните средства во оваа програма ќе се распределуваат спрема одредените проценти по на- мени согласно член 212 став (6) од Законот за водите, и тоа за:
|
Намена
|
%
|
Планирани средства во (денари)
|
Изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти
|
60.7
|
25.000.000,00
|
Регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода
|
18.2
|
7.480.000,00
|
Исплата на заостанати долгови по склучени договори од Програмата за управување со водите за 2022 година
|
18.2
|
7.520.000,00
|
Трошоци за спроведување на Програмата
|
2.9
|
1.150.000,00
|
ВКУПНО
|
100
|
41.150.000,00
|
IV
Средствата од дел III точка 1 од оваа програма, ќе се користат врз основа на доставени барања за финан- сирања за „Изградба на нови и одржување и унапреду- вање на постојните јавни водоснабдителни објекти”.
|
Барањето од ставот 1 на овој дел може да го подне- сат единиците на локална самоуправа и јавните кому- нални претпријатија, најдоцна до 31 март 2023 година.
Кон барањето од ставот 1 на овој дел треба да бидат доставени следните документи:
Средствата од дел III точка 2 од оваа програма, ќе
се користат врз основа на доставени барања за финан- сирања за „Регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода”.
Барањето од ставот 4 на овој дел може да го подне- сат единиците на локална самоуправа и водостопан- ствата надлежни за реализација на овие проекти, нај- доцна до 31 март 2023 година.
Кон барањето од ставот 4 на овој дел треба да бидат доставени следните документи:
V
Средствата од дел III точка 1 од оваа програма, се распределуваат врз основа на следните критериуми:
Б) Досегашен начин на водоснабдување на населе- нието:
Средствата од дел III точка 2 од оваа програма, се
распределуваат врз основа на следните критериуми:
Б) Ризик од поплави:
три години - 20 бода,
години - 15 бода,
VI
Средствата од дел III точки 1 и 2 од оваа програма, ќе се користат врз основа на претходно склучен дого- вор за доделување на средства, спроведена постапка за јавни набавки и уредна исплатна документација.
|
VII
За реализација на оваа програма ќе се грижи Ми- нистерството за животна средина и просторно плани- рање.
VIII
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб- лика Северна Македонија“.
Бр. 41-614/8
|