„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт

20.06.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 16 од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19 и 236/22), член 8 став (2) од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/20, 133/20, 49/22, 54/22, 64/22 и 125/22) и Одлуката за определување на ескалираната густина е и деескалираната густина d на секој нафтен дериват и гориво за транспорт, висината на надоместокот P за премија, транспортните трошоци Т до склад во Република Северна Македонија и висината на надоместокот D за трошоци за работење преку склад и трговска маржа со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици и крајни потрошувачи  („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 85/23) Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 19.6.2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА УТВРДУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ МАЛОПРОДАЖНИ ЦЕНИ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ
И ГОРИВА ЗА ТРАНСПОРТ
 
Член 1
(1) Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин –
ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 80,50 (денари/литар)
- Моторен бензин –
ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 82,50 (денари/литар)
- Дизел гориво –
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 70,50 (денари/литар)
- Масло за горење –
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 68,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 41,029 (денари/килограм)
(2) Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени утврдени во став (1) од овој член.
 (3) Највисоките малопродажни цени формирани согласно со став (1) на овој член, освен цената за Мазутот М-1 НС, важат франко пумпна станица, а цената на Мазутот М-1 НС важи франко склад на трговец на големо со нафтени деривати и горива за транспорт во земјата.
 (4) Во највисоките малопродажни цени формирани согласно со овој член содржан е данокот на додадена вредност согласно Законот за данокот за додадена вредност.
Член 2
(1) Во највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт утврдени со членот 1 од оваа одлука, содржани се и највисоките набавни цени, коишто изнесуваат:
- Моторен бензин –
ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 39,328 (денари/литар)
- Моторен бензин –
ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 41,145 (денари/литар)
- Дизел гориво –
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 38,016 (денари/литар)
- Масло за горење –
 Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 36,448 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 31,880 (денари/килограм)
Член 3
Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа oдлука, содржан е надоместок за трошоци за работење преку склад и трговска маржа, којшто за Еуросупер БС-95 е во износ од 4,972 денари/литар, за Еуросупер БС-98 е во износ од 4,850 денари/литар, за Еуродизел БС (Д-Е V) е во износ од 4,950 денари/литар и за Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) е во износ од 4,813 денари/литар, додека за Мазутот М-1 НС надоместокот е во износ од 2,00 денар/килограм.
Член 4
Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа одлука, со исклучок за Мазутот М-1 НС, содржан е надоместокот за транспортни трошоци од склад до бензински станици во износ од 0,95 денари/литар за сите нафтени деривати.
Член 5
Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа одлука содржан е надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина што согласно член 184 став (1) од Законот за животната средина го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон:
- Моторен бензин –
ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 0,080 (денари/литар)
- Моторен бензин –
ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 0,080 (денари/литар)
- Дизел гориво –
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 0,030 (денари/литар)
- Масло за горење –
 Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 0,040 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 0,050 (денари/килограм
Член 6
Во највисоките малопродажните цени утврдени со членот 1 од оваа одлука содржан е надоместокот за задолжителни резерви, што согласно член 32 став (1) од Законот за задолжителни нафтени резерви го плаќаат производителите на нафтени деривати и увозниците на нафтени деривати:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 0,890 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 0,890 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 0,300 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 0,300 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 0,740 (денари/килограм)
Член 7
Во највисоките малопродажните цени утврдени со членот 1 од оваа одлука акцизите што ги плаќаат обврзниците согласно прописите за акцизи, изнесуваат:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 22,00 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 22,00 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 15,50 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 15,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 0,100 (денари/килограм)
Член 8
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, а ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 20.6.2023 година.
                                                                                Регулаторна комисија за
                                                                         енергетика и водни услуги на
Бр. 02-1390/1                                         Република Северна Македонија,
19 јуни 2023 година                                              Претседател,
Скопје                                                                 Марко Бислимоски, с.р