„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог -Закон за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност, по скратена постапка

19.06.2023

Цели на предлог законот - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се заснова на истите начела на кои се заснова основниот текст на Законот за данокот на додадена вредност.
Со предлог законот се додава нов член 24-д кој гласи:
 
„Член 24-д
(1) Прометот на производи за човечка исхрана се ослободува од данок на
додадена вредност.
(2) Владата на предлог на министерот за финансии поблиску ги определува
видот на добрата од ставот (1) на овој член.“.
 
Член 2
Во Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на
додадена вредност („Службен весник на Република Северна Македонија“ број
163/21) во член 4 во ставот 1 точката на крајот од реченицата се заменува со
запирка и се додаваат зборовите: „ а од 1 јули 2023 година врз прометот и увозот
на електрична енергија за домаќинствата се применува повластена даночна стапка
од 5%.“