„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРАВИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА БАЛАНСИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ

06.06.2023

Врз основа на член 236, во врска со член 79 став (2) од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр 96/19, 236/22), а согласно член 19 од Статутот на АД МЕПСО во државна сопственост, Скопје, по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со Решение бр. 12-1034/4 од 15 мај 2023 година, Управниот одбор на Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост, Скопје, со Одлука УО бр. 02-3320/2 oд 25.5.2023 година донесе
П Р А В И Л А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА БАЛАНСИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ
Член 1
Во Правилата за балансирање на електроенергетскиот систем („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 179/19, 242/19, 49/20, 7/21,146/21, 289/21 и 281/22), во членот 88 ставот (3) се менува и гласи:
„(3) По исклучок од став (2) од овој член, трговците, снабдувачите и производителите на електрична енергија кога купуваат електрична енергија произведена од повластени производители на електрична енергија со повластени тарифи од страна на ОПЕЕ и кога купуваат или продаваат електрична енергија на организираниот пазар за тргување со електрична енергија, имаат право прогнозираната разлика помеѓу збирот на трансакциите на прием, односно купување на електрична енергија и збирот на трансакциите на испорака, односно продажба на електрична енергија да биде помала од 1 MWh/h, за секој трговски интервал во кој откупуваат таква електрична енергија.“
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб страната на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
 Бр. 09-3432
31 мај 2023 година                                             АД МЕПСО
Скопје                                                          Подружница ОЕПС
                                                                                Директор,
                                                         Гоце Михајлоски, с.р.