„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ОБРАЗЕЦОТ НА РЕЦЕПТОТ, КАКО И НАЧИНОТ ЗА ПРЕПИШУВАЊЕ НА ЛЕКОВИТЕ КОИ СОДРЖАТ СУПСТАНЦИИ И РАСТЕНИЈА КЛАСИФИЦИРАНИ ВО ЛИСТИТЕ II И III

01.06.2023

Врз основа на член 41 став 4 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 124/10, 164/13, 149/15, 37/16 и 53/16), министерот за здравство, донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ОБРАЗЕЦОТ НА РЕЦЕПТОТ, КАКО И НАЧИНОТ ЗА ПРЕПИШУВАЊЕ НА ЛЕКОВИТЕ КОИ СОДРЖАТ СУПСТАНЦИИ И РАСТЕНИЈА КЛАСИФИЦИРАНИ ВО ЛИСТИТЕ II И III
Член 1
Во Правилникот за образецот на рецептот, како и начинот за препишување на лековите кои содржат супстанции и растенија класифицирани во Листите II и III  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/16) во член 7 став 2 алинејата 10 се менува и гласи:
„- магистрални лекови - препарати од канабис кои содржат повеќе од 0,2% тетрахидроканабинол ТХЦ во количина потребна за лекување најмногу до 30 дена.“
Ставот 3 се менува и гласи:
„Магистралните лекови од став 2 алинеја 10 на овој член, се препишуваат за употреба при медицински индикации кај пациенти:
- со малигни заболувања;
- заболени од мултиплекс склероза;
- заболени од ХИВ;
- со тешки епилептични синдроми во детска возраст;
- со невропатска болка и
- за палиативна нега.“
Член 2
Во член 8 по ставот 4 се додава нов став 5, кој гласи:
„За магистралните лекови од член 7 став 2 алинеја 10 од овој правилник, лекарот на рецептот ја препишува и:
- количината на тетрахидроканабинол ТХЦ за поединечна доза на препарати од канабис,
 - број на поединечните дози,
- дозирање и
- начин на употреба.“
Член 3
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 19-2755/3
6 април 2023 година
Скопје
Министер за здравство,
д-р Fatmir Mexhiti,с.р