„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МЕСТАТА НА ВЛЕЗ НА КОИ ЌЕ СЕ ВРШИ ФИТОСАНИТАРНА ИНСПЕКЦИЈА

30.05.2023

Врз основа на член 23 став 6 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.150/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 23 мај 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МЕСТАТА НА ВЛЕЗ НА КОИ ЌЕ СЕ ВРШИ ФИТОСАНИТАРНА ИНСПЕКЦИЈА
Член 1
За места на влез за вршење на фитосанитарна инспекција на растенија, растителни производи и други објекти и предмети со потекло од Република Србија и Република Албанија, при увоз и извоз во прометот преку државната граница се определуваат:
- Царинска испостава, Куманово;
- Царинска испостава, Струга.
За места на влез за вршење на фитосанитарна инспекција на растенија, растителни производи и други објекти и предмети, при увоз и извоз во прометот со потекло од земјите кои не се наведени во ставот 1 на овој член, преку државната граница се определуваат следните гранични премини:
- За железнички превоз: Железничка станица – Трубарево – Скопје, Табановце –Куманово, Гевгелија – Гевгелија, Меџитлија – Битола;
- За патен превоз: Долно Блаце – Скопје, Табановце
– Куманово, Деве Баир – Крива Паланка, Делчево – Делчево, Ново Село – Струмица, Богородица – Гевгелија, Стар Дојран – Дојран, Меџитлија – Битола, Ќафасан – Струга, Блато – Дебар;
- За воздушен превоз: Меѓународен Аеродром - Скопје, „Св. Апостол Павле“ - Охрид;
- За поштенски пратки: Пошта – Скопје.
Член 2
За места на влез за вршење на фитосанитарна инспекција на растенија, растителни производи и други објекти и предмети, со потекло од Република Србија и Република Албанија на транзитни пратки преку територијата на Република Северна Македонија се определуваат:
- Царинска испостава, Куманово;
- Царинска испостава, Струга.
За места на влез за вршење на фитосанитарна
инспекција на растенија, растителни производи и други
објекти и предмет со потекло од земјите кои не се наведени во ставот 1 на овој член, на транзитни пратки преку територијата на Република Северна Македонија се определуваат следните гранични премини:
- За железнички превоз: Железничка станица – Трубарево – Скопје, Табановце –Куманово, Гевгелија – Гевгелија, Меџитлија – Битола,
- За патен превоз: Долно Блаце – Скопје, Табановце – Куманово, Деве Баир – Крива Паланка, Делчево – Делчево, Ново Село – Струмица, Богородица – Гевгелија, Меџитлија – Битола, Ќафасан – Струга.
Член 3
Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи Одлуката за определување на местата на влез на кои ќе се врши фитосанитарна инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/10).
Член 4
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3169/8                                              Претседател на Владата
23 мај 2023 година                            на Република Северна Македонија,
Скопје                                                   д-р Димитар Ковачевски, с.р