„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАИТЕ КОИ ДРУШТВАТА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ, ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА И БАНКИТЕ ГИ ПОДНЕСУВААТ ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ И КРАЈНИ РОКОВИ И НАЧИНИ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИСТИТЕ

29.05.2023

Врз основа на член 158-s точка 1) а во врска со член 150-а став (3) и (4) и член 151 од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2002, 79/2007, 88/2008, 67/2010, 44/2011, 188/2013, 43/2014, 112/2014, 153/2015, 192/2015, 23/2016, 83/2018 и 198/2018) и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/2019, 31/2020 и 173/2022), Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седница одржана на ден 15.5.2023 година донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАИТЕ КОИ ДРУШТВАТА
ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ, ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА И БАНКИТЕ
ГИ ПОДНЕСУВААТ ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ И КРАЈНИ РОКОВИ
И НАЧИНИ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИСТИТЕ
Член 1
Во Правилникот за содржината на извештаите кои друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и банките ги поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување и крајни рокови и начини на поднесување на истите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 56/2012, 189/2014, 61/2016, 13/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 118/2022), во член 4 ставот 5 се менува и гласи:
“Друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и банките се должни пополнетите обрасци од ставовите (1) и (2) од овој член да ги доставуваат до Агенцијата најдоцна до истек на последниот ден во месецот кој следи по завршување на кварталот за кој истите се однесуваат, а доколку последниот ден во месецот е неработен ден или државен празник, или друг ден кога Агенцијата не работи, рокот истекува на првиот нареден работен ден.”
Член 2
Во член 7 ставот 4 се менува и гласи:
“Друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и банките се должни пополнетите обрасци од ставoвите (1) и (2) од овој член да ги доставуваат до Агенцијата најдоцна до истек на последниот ден во месецот кој следи по завршување на кварталот за кој истите се однесуваат а доколку последниот ден во месецот е неработен ден или државен празник, или друг ден кога Агенцијата не работи, рокот истекува на првиот нареден работен ден.”
Член 3
Во член 10 ставот 3 се менува и гласи:
Во однос на членот 2 став (3) точка 7 од овој правилник, осигурително брокерските друштва од став (1) на овој член се должни да ја известуваат Агенцијата за бројот на склучени договори за осигурување и за износот на наплатената и пренесената премија за осигурување, согласно формата и содржината на податоците пропишани со образецот – ОБД5 кој е даден во ПРИЛОГ 2 од овој правилник со назив СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИ ДРУШТВА, еднаш месечно, најдоцна до истек на последниот ден во месецот кој следи по завршување на месецот за кој истите се однесуваат, а доколку последниот ден во месецот е неработен ден или државен празник, или друг ден кога Агенцијата не работи, рокот истекува на првиот нареден работен ден.”
Преодни и завршни одредби
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“ а ќе започне да се применува со достава на кварталните податоци за периодот 01.01 - 30.6.2023 година (II квартал) односно со достава на месечните податоци за месец јуни 2023 година.
Бр. 01-503/1                                                Совет на експерти
15 мај 2023 година                                         Претседател,
Скопје                                                       Крсте Шајноски, с.р