„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРОГРАМА ЗА КОНТРОЛА И ПРЕВЕНТИВА НА ОДДЕЛНИ ФИЗИЧКИ, ХЕМИСКИ И БИОЛОШКИ ОПАСНОСТИ ВО ПРИРОДНИ МИНЕРАЛНИ И ИЗВОРСКИ ВОДИ ЗА 2023 ГОДИНА

29.05.2023

Врз основа на член 70 став (7) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА КОНТРОЛА И ПРЕВЕНТИВА НА ОДДЕЛНИ ФИЗИЧКИ, ХЕМИСКИ И БИОЛОШКИ ОПАСНОСТИ ВО ПРИРОДНИ МИНЕРАЛНИ И ИЗВОРСКИ ВОДИ ЗА 2023 ГОДИНА
 
I
Средствата за реализација на оваа програма се утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, раздел 14005, Програма 3, Потпрограма 30, ставка 464, сметка 637-18, во износ до 500 000,00 денари.
II
Реализацијата на оваа програма ќе биде остварена со склучување на договор со овластени лаборатории кои со анализа на земените мостри ќе ги утврдуваат параметрите согласно акредитирани методи.
III
Целта на оваа програма е воспоставување на периодична контрола на одделни физички, хемиски и биолошки опасности во природните минерални и изворските води.
IV
Во рамките на контролата и превентивата на одделни физички, хемиски и биолошки опасности во природните минерални и изворските води предвидено е да се земаат мостри за лабораториски испитувања на водата од извориштето од операторите кои полнат природни минерални и изворски води дадени под концесија и чии производи се одобрени да бидат ставени во промет на пазарот на Република Северна Македонија од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
V
Оваa програма ќе се спроведе во два годишни периоди, и тоа:
- првиот период e кон крајот на пролетта и почетокот на летото кога има најголема издашност на водата,
- вториот период за спроведување на програмата е кон крајот на летото и почетокот на есента кога има најмала издашност на изворот или бунарот.
 
Временски распоред на спроведување на оваа програма согласно став 1 на овој дел овозможува следење на природните осцилации на количините на одделните физички и хемиски параметри во природните минерални и изворски води, односно следење на квалитетот на водите.
VI
За реализација на оваа програма предвидено е да се земат 34 мостри од сировата вода на изворот или бунарот на водата од страна на вработени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство во присуство на лице претставник на концесионерот, со цел лабораториски испитувања на микробиолошките параметри на водата од извориштето.
Физичко-хемиските параметри кои ќе се испитуваат во сировата природна минерална и изворска вода од изворот или бунарот согласно акредитирани методи, се следните:
1. Нитрати
2. Нитрити
3. Хлориди
4. Хидрокарбонати
5. Вкупна тврдина
6. pH
7. Магнезиум
8. Калциум
9. Сув остаток 180*C
10. Железо
11. Манган
12. Сулфати
13. Фосфати (орто)
14. Арсен
15. Флуориди
16. Олово
17. Хром (вкупен)
18. Кадмиум
19. Бакар
20. Цијаниди
21. Жива
22. Никел
23. Селен
24. Натриум
25. Калиум
26. Алуминиум
27. Бор.
Mикробиолошките параметри кои ќе се испитуваат во сировата природна минерална и изворска вода од изворот или бунарот согласно акредитирани методи, се следните:
1. Escherichia coli
2. Вкупни колиформни бактерии - Enterococci
3. Streptococcus fecalis
5. Сулфиторедуцирачки клостридии (спорогени анаеробни бактерии)
6. Аеробни мезофилни бактерии - број на колонии на 22 °С
7. Аеробни мезофилни бактерии - број на колонии на 37 °С. 
VII
Лабораториските испитувања на природните минерални и изворските води во однос на физичките, хемиски и биолошки опасности треба да бидат реализирани од овластена лабораторија од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство согласно Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18).
VIII
За реализација на оваа програма се грижи Агенцијата за храна и ветеринарство.
IX
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Бр. 02-409/5                                          Агенција за храна и ветеринарство
19 мај 2023 година                                                 в.д. Директор,
Скопје                                                       Николче Бабовски, с.р