„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.46 ОД 02.3.2023 Г.)

03.03.2023

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 6 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 2 март 2023 година, донесе
 
О Д Л У К А
ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА
ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД
Член 1
Со оваа одлука се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).
Член 2
Трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да прибавуваат и да продаваат најмалку 80% од лебот од членот 1 од оваа одлука.
Трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет лебот од членот 1 од оваа одлука, во количина од најмалку 80% од производството на овој леб во месец декември 2022 година.
Член 3
Трговците од членот 2 став 1 од оваа одлука, за испорачаниот леб од членот 2 од оваа одлука, на производителот на лебот треба да му платат, најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на фактурата за испорачаниот леб.
Член 4
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 31 мај 2023 година.
 
Бр. 41-2414/3                                                                        Прв заменик на претседателот
2 март 2023 година                                                                    на Владата на Република
Скопје                                                                                            Северна Македонија,

                                                                                                          д-р Artan Grubi, с.р