„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИДОТ И НАЧИНОТ НА ЖИГОСУВАЊЕ, ВИДОТ НА ШУМСКИОТ ЖИГ ЗА ЖИГОСУВАЊЕ ЗА ИСЕЧЕНО ДРВО И ДРВНИ СОРТИМЕНТИ, НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ НА ИСПРАТНИЦА, ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ИСЕЧЕНО ДРВО, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРОТ НА ИЗДАДЕНИ И ЗАВЕРЕНИ ИСПРАТНИЦИ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИСПРАТНИЦИТЕ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ИСПРАТНИЦА И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗДАДЕНИ ИСПРАТНИЦИ

29.05.2023

Врз основа на член 69 став (13) од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15, 7/16, 39/16 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 274/22), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИДОТ И НАЧИНОТ НА ЖИГОСУВАЊЕ, ВИДОТ НА
ШУМСКИОТ ЖИГ ЗА ЖИГОСУВАЊЕ ЗА ИСЕЧЕНО ДРВО И ДРВНИ СОРТИМЕНТИ, НАЧИНОТ НА
ИЗДАВАЊЕ НА ИСПРАТНИЦА, ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ИСЕЧЕНО ДРВО, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРОТ НА ИЗДАДЕНИ И ЗАВЕРЕНИ ИСПРАТНИЦИ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИСПРАТНИЦИТЕ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ИСПРАТНИЦА И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗДАДЕНИ ИСПРАТНИЦИ
Член 1
Во Правилникот за видот и начинот на жигосување, видот на шумскиот жиг за жигосување за исечено дрво и дрвни сортименти, начинот на издавање на испратница, пуштање во промет на исечено дрво, формата и содржината на регистарот на издадени и заверени испратници, формата и содржината на испратниците, формата и содржината на барањето за издавање на испратница и висината на надоместокот за издадени испратници („Службен весник на Република Македонија“ бр.183/14, 141/15, 126/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.117/19, 220/21 и 224/22), во член 3 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
,,(4) Жигосувањето на исечено дрво и дрвни сортименти надвор од шума без оглед во чија сопственост е, се врши со шумски жиг во форма на четириаголник чија страни изнесуваат 40х40 мм, кој во средина е нумериран со арапски број, на горната страна стои скратен назив и седиштето на субјектот, а во долниот дел на жигот стои „надвор од шума“.
” Член 2
Во член 5 по точката 3) се додава нова точка 4), кој гласи:
,,4) За исечено дрво и дрвни сортименти надвор од шума се употребува водоотпорна кафеава боја.”.
Член 3
Во член 7 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
,,(3) Жигосувањето на исечено дрво и дрвни сортименти надвор од шума се врши по приемот на дрвото на местото на сеча, односно на местото на утовар на дрвните сортименти, а пред пуштањето на истите во промет, по претходно приложен доказ за право на сопственост на шумата согласно катастарска евиденција.”.
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 47-3981/3                                                             Министер за земјоделство,
19 мај 2023 година                                                 шумарство и водостопанство,
Скопје                                                                           Љупчо Николовски, с.р.