„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПЛАНОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЕЛЕКТРОДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ ЗА ПЕРИОД ОД 2023 ДО 2027 ГОДИНА

22.05.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 2) алинеја 15, а во врска со член 94 став (2) од Законот за енергетика*  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на седницата одржана на 11 маj 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПЛАНОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЕЛЕКТРОДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ
ЗА ПЕРИОД ОД 2023 ДО 2027 ГОДИНА
1. Се одобрува усвоениот План за развој на електродистрибутивниот систем за период од 2023 до 2027 година, доставен од страна на Друштвото за дистрибуција на електрична енергија ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје.
2. Се задолжува Друштвото за дистрибуција на електрична енергија ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје, Планот за развој од точка 1 од оваа одлука да го објави на својата веб страница.
3. Оваа одлука влегува со сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
                        Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на
Бр.12-1054/2                             Република Северна Македонија,
11 мај 2023 година                               Претседател,
Скопје                                              Марко Бислимоски, с.р.