Врз основа на член 32 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 16 мај 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИНТЕРВЕНТЕН ФОНД ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2023 ГОДИНА
I.
Со оваа програма ќе се реализираат интервентни мерки за финансиска поддршка во земјоделството за ублажување на последиците предизвикани од зголемувањето на производствените трошоци за производство на земјоделски култури, преку Интервентниот фонд за земјоделство.
Средствата за реализација на оваа програма во износ од 317.000.000,00 денари обезбедени согласно Бу- џетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22, Раздел 140.04 - Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во ната- мошниот текст: Агенцијата), Потпрограма 21 - Интервентен фонд за земјоделство, ставка 464 - Разни тран- сфери ќе се користат за следните интервентни мерки:
Текст на