Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19), а во врска со член 14 став (5) од Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 февруари 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕТО НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА МЕРКА ВО УСЛОВИ НА ПОСТОЕЊЕ НА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Член 1
Со оваа одлука престанува да важи Одлуката за преземање на мерка во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.232/22 и 247/22).
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2343/3 Претседател на Владата
28 февруари 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.