Врз основа на член 132, став (1) од Законот за енергетика („Службен весник на РМ“ бр. 96/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 96/19 и бр. 236/22) и член 18 точка 8 од Статутот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Управниот одбор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони на својата сто триесет и четврта редовна седница одржана на ден 4.4.2023 година со Одлука бр. 02-651/4 од 4.4.2023 година донесе
М Р Е Ж Н И П Р А В И Л А ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС
Предмет на уредување
Член 1
- Со овие Мрежни правила за дистрибуција на природен гас (во понатамошниот текст: Мрежни правила) се уредуваат:
1) техничките услови за приклучување на потрошувачите на природен гас на системот за дистрибуција на природен гас,
2) методологијата за определување на надоместокот за приклучување на системот за дистрибуција на природен гас,
3) условите и начинот за пристап на трети страни на системот,
4) техничките и другите услови за доверливо и безбедно функционирање на системот за дистрибуција на природен гас и за обезбедување на квалитетни услуги на корисниците на системот,
5) мерките, активностите и постапките во случај на испади и кризни состојби,
6) начинот и постапката за надзор и тестирање на дистрибутивната мрежа,
7) начинот и постапката за регулирање на протокот и притисокот на природниот гас преку дистрибутивната мрежа,
8) начинот и постапката за усогласување на активностите во системот за дистрибуција на природен гас со активностите во системот за пренос на природен гас,
9) функционалните барања и класата на точност на мерните уреди како и начинот на мерење на природниот гас,
10) планирањето на одржувањето и развојот на системот за дистрибуција на природен гас,
11) начинот на усогласување со корисниците на системот за дистрибуција на природен гас во случаи на планирани прекини,
12) содржината на плановите за развој на системот за дистрибуција на природен гас, како и начинот и постапката според која корисниците на системот ги доставуваат неопходните податоци за изготвување на плановите за развој,
13) квалитетот на услугата за испорака на природен гас,
14) прогнозата на потребите од природен гас врз основа на податоците добиени од снабдувачите и развојните планови на потрошувачите,
15) начинот и постапката за доставување на информации на корисниците на системот и
16) начинот на соработка со операторот на системот за пренос и останатите оператори на системи за дистрибуција на природен гас.
Прилог текст на Мрежни правила за дистрибуција на природен гас