О Б Ј А В А
Министерството за надворешни работи, информира дека Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, потпишан во рамки на иницијативата Отворен Балкан во Тирана на 21 декември 2021 година, ратификуван на 13 февруари 2023 година од Собранието на Република Северна Македонија и објавен во „Службен весник на РСМ“ бр. 37/2023 од 20 февруари 2023 година, во согласност со став 3 од член 11 од Договорот, за Република Северна Македонија влегува во сила на 11 мај 2023 година.
Министер,
3 мај 2023 година
Скопје Бујар Османи, с.р.