Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 февруари 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА
ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО
Член 1
Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел). Највисоките цени на производите од ставот 1 на овој член се утврдуваат во висина на цена која изнесува 33 денари по леб со тежина која изнесува 450 грама
и повеќе, а со тежина под 450 грама, се утврдува во висина до 33 денари по леб, која цена ќе биде во сооднос со тежината на лебот.
Член 2
Највисоките цени на производите од членот 1 од оваа одлука ќе се применуваат до 31 мај 2023 година.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2341/3 Претседател на Владата
28 февруари 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.р.