„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
23.11.2026
Предлагач е Владата на Република Северна Македонија.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Донесувањето на Законот за изменување на Законот за издавање на обврзници за денационализација е со цел зголемување на бројот на емисии на обврзници за денационализација од дваесет и пет на дваесет и осум, како би можело да се опфатат барањата за денационализација по кои се одлучува во повторна постапка, а за кои е потребно дополнително издавање на обврзници. Законот за изменување чие донесување се предлага се заснова врз истите начела на кои се засновало донесувањето на основниот закон. Основно решение што се предлага со законот е зголемување на бројот на емисии на обврзници за денационализација од дваесет пет на дваесет и осум.