„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

П Р А В И Л Н И К ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИДОТ НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА ПЛАНИРАНИТЕ КОЛИЧИНИ ЗА ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА И ПОДАТОЦИТЕ ЗА РЕАЛИЗИРАН ОТКУП ЗА ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА

11.05.2023

Врз основа на член 31 став (10) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИДОТ НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА ПЛАНИРАНИТЕ КОЛИЧИНИ ЗА ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА И ПОДАТОЦИТЕ ЗА РЕАЛИЗИРАН ОТКУП ЗА ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА И ПОДАТОЦИТЕ ЗА РЕАЛИЗИРАН ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ОД ПРЕТХОДНИОТ МЕСЕЦ И ЗА ПЛАНИРАНИОТ ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ЗА НАРЕДНИОТ МЕСЕЦ, НАЧИНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕ И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Член 1
Во Правилникот за видот на податоците за планираните количини за откуп на земјоделски производи за наредната година и податоците за реализиран откуп за претходната година и податоците за реализиран откуп на земјоделски производи од претходниот месец и за планираниот откуп на земјоделски производи за наредниот месец, начинот на доставување и формата и содржината на образецот за доставување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/16), членот 2 се менува и гласи:
„Податоците за планираните количини за откуп на земјоделските производи за наредната година и за реализиран откуп на земјоделски производи за претходната година се доставуваат во писмена форма, а податоците за планираните количини за откуп на земјоделските производи за наредниот месец и за реализираниот откуп на земјоделски производи од претходниот месец се доставуваат во електронска форма преку електронски внес во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр.30-3260/3                                                                           Министер за земјоделство,
28 април 2023 година                                                        шумарство и водостопанство,
Скопје                                                                                           Љупчо Николовски, с.р