„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за облигационите односи, по скратена постапка

09.05.2023

Предлогот на законот се темели на истите начела на кои се темели Законот за облигационите односи и основното решение кое ќе се постигне со овој закон е поголема сигурност за граѓаните и прецизни одредби во делот за побарувања утврдени пред судот или пред друг надлежен орган.
Со одредбата во член 266-а се овозможува казненатата камата да не ја надминува висината на главнината.
Во членот 368 став (1) од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“, број 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/13), предвидено е дека : „Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок за застареност.”.
Со предложениот закон за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи се врши измена на оваа одредба со тоа што ќе биде рокот за застареност се скратува на 5 години од правосилноста на одлуката (соодветно на општиот рок на застареност на побарувањата), затоа што има злоупотреби со тоа што намерно се чекаат да изминат девет години и единаесет месеци и се започнува постапка за извршување, со цел да се добие надомест за камата.
Оправданоста од ова законско решение е да се намали злоупотребата на правата, намалување на можноста од алтернативни заработувања со камати, како и стимулирање на доверителите за поефиканса и побрза реакција.