„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за здравственото осигурување по скратена постапка

30.10.2026

 Предлагач се група пратеници.

 

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Преку законското овозможување на користењето на правото на надоместок за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, како држава, ќе се овозможи еднаквост, транспратентно и инклузивно делување во криерањето на државната политика и решенијата во врска со уредување на ова право за земјдоелките со почитување на одредбите од Уставот. Основната цел на предложениот закон е обезбедување еднаков третман и социјална сигурност за индивидуалните земјоделци преку нивно целосно интегрирање во системот на парични надоместоци од здравствено осигурување, со посебен фокус на заштитата на мајчинството и економската сигурност на жените земјоделки. Предлогот се заснова на уставните начела на еднаквост на граѓаните, социјална правда и посебна заштита на мајчинството и децата