Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
РЕШЕНИЕ
Член 1
Во Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Северна Македонија по потекло од Кралството Холандија (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 263/21 и 141/22), во членот 1 став (1) се додаваат три нови алинеи 1, 2 и 3 кои гласат:
“ - Фриесланд/Friesland,
- Лимбург/Limburg,
- Зуид-Холанд/Zuid-Holland,“.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02-572/1 Агенција за храна и ветеринарство
17 февруари 2023 година в.д. Директор,
Скопје Николче Бабовски, с.р