„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗНАТА СОСТОЈБА ВО СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

03.05.2023

Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 април 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗНАТА СОСТОЈБА ВО СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
 
Член 1
Со оваа одлука се одобруваат финансиски средства во износ од 3.000.000.000 денари на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје.
Член 2
Средствата од член 1 од оваа одлука ќе се обезбедат од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, Раздел 04001 - Влада на Република Северна Македонија, потпрограма П1 - Мерки за справување со Ковид 19 кризата и други антикризни мерки, категорија 48 – Капитални расходи, расходна ставка 485 – Вложувања и нефинансиски средства.
Член 3
Средствата од член 1 од оваа одлука, Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, да ги искористи исклучиво за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија за зголемување на производството на електрична енергија и за обезбедување на основни суровини, јаглен, мазут, како и за други потребни средства, но само ако се во функција на поддршка за продолжување со производството на електрична енергија, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.
Средствата од член 1 од оваа одлука ќе се уплатат на наменска сметка на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје.
Неискористените средства од членот 1 од оваа одлука, согласно намената утврдена во член 3 став 1, да се вратат во Буџетот на Република Северна Македонија.
Член 4
Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје за трошење на средствата од член 1 од оваа одлука доставува месечен извештај до Владата на Република Северна Македонија и Министерството за финансии.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-4126/4             Прв заменик на претседателот на Владата на
28 април 2023 година         Република  Северна Македонија,
Скопје
                                                             д-р Artan Grubi, с.р