„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОСНОВНАТА ГЛАВНИНА НА АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРЕНОС НА ПРИРО- ДЕН ГАС НОМАГАС СКОПЈЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ, СО ВЛОГОВИ ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ НА НОВИ АКЦИИ ОД ВТОРА ЕМИСИЈА ПО ПАТ НА ПРИВАТНА ПОНУДА

25.04.2023

Врз основа на член 383 став (1) точки 6) и 7), а во врска со член 421 ставови (1) и (3) и член 427 од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.290/20, 215/21 и 99/22) и во врска со член 7 став (1), член 9 став (2) и член 27 од Законот за хартии од вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/05, 25/07, 7/08, 57/10, 135/11, 13/13, 188/13, 43/14, 15/15, 154/15, 192/15, 23/16 и 83/18 и „Службен весник на Репуб- лика Северна Македонија“ бр.31/20 и 288/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 11 април 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОСНОВНАТА ГЛАВНИНА НА АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС НОМАГАС СКОПЈЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ, СО ВЛОГОВИ ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ НА НОВИ АКЦИИ ОД ВТОРА ЕМИСИЈА ПО ПАТ НА ПРИВАТНА ПОНУДА
Фирма и седиште на издавачот
Член 1
Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, ЕМБС 7649401, ул. „Булевар Свети Климент Охридски“ бр.54 Скопје, (во понатамо- шен текст: Друштвото), ја зголемува основната главнина со влогови преку издавање нови акции од втора емисија, по пат на приватна понуда.
Предмет на регулирање
Член 2
Друштвото ја зголемува основната главнина со влогови преку издавање на нови 33.108 обични акции од втора емисија, по пат на приватна понуда, во согласност со Законот за трговските друштва, Законот за хартии од вредност и подзаконските прописи.
Начин на издавање на хартиите од вредност
Член 3
Зголемувањето на основната главнина се врши со парични влогови преку издавање нови акции од втора емисија, по пат на приватна понуда, за познати купувачи.
Целта поради која се издаваат хартиите од вредност
Член 4
Друштвото издава хартии од вредност заради зголемување на основната главнина на Друштвото, односно заради создавање услови за непречено функционирање.
Број, род и класа на хартиите од вредност кои се издаваат
Член 5
Друштвото издава 33.108 обични акции.
Номинална вредност на хартиите од вредност
Член 6
Номиналната вредност на една обична акција е 100 евра, односно номиналната вредност на сите нови издадени обични акции изнесува 3.310.800,00 евра, во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија објавен на денот пред денот на донесување на оваа одлука.
Продажна цена на хартиите од вредност
Член 7
Продажната цена на хартиите од вредност кои се емитираат е во висина од 100 евра по една акција, во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија објавен на денот пред денот на донесување на оваа одлука.
Вкупна вредност на емисијата
Член 8
Друштвото издава обични акции во вкупна вредност од 3.310.800,00 евра, во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија објавен на денот пред денот на донесување на оваа одлука.
Права кои произлегуваат од обичните акции
Член 9
Имателите на обичните акции имаат право на глас на тој начин што секоја обична акција обезбедува пра- во на еден глас во Собранието на Друштвото.
Покрај правото од став 1 на овој член, обичните акции ги даваат следниве права:
-               право на исплата на дел од добивката -дивидендата;
-               право на исплата на дел од остатокот од ликвидационата односно стечајната маса на Друштвото и
-               други права во согласност со Законот и Статутот на Друштвото.
Начин на исплата на дивиденда
Член 10
Новите издадени акции од зголемената основна главнина учествуваат во распределбата на добивката во годината во која е извршено зголемувањето на основната главнина, сметано на номиналната вредност на акциите.
Начин, време и место на запишување на хартии од вредност
Член 11
Новоиздадените хартии од вредност се запишуваат во рок од 15 дена од конечноста на решението за дава- ње одобрение за издавањето на хартиите од вредност од Комисијата за хартии од вредност.
По реализација на втората емисија за зголемување на основната главнина се поднесува пријава за упис во Централниот регистар на Република Северна Македонија, во рок од осум дена од денот на зголемувањето на основната главнина.
Новоиздадените акции се евидентираат во дематеријализирана форма во Централниот депозитар за хартии од вредност во рок од три работни дена по уписот во трговскиот регистар.
Начин и краен рок на уплата на хартиите од вредност
Член 12
Хартиите од вредност кои се предмет на приватната понуда се уплатуваат во рок од 15 календарски дена од конечноста на решението на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на сметката на Друштвото.
Начин на објавување на издавањето на хартиите од вредност
Член 13
Друштвото ја известува јавноста за втората емисија на хартии од вредност првиот ден по конечноста на решението за давање одобрение за издавањето на хартиите од вредност од Комисијата за хартии од вредност, со објавување на соопштение на македонски јазик во еден дневен весник што излегува на територијата на Република Северна Македонија.
Друштвото ја известува Комисијата за хартии од вредност, како и јавноста, за запишаните и платени хартии од вредност, односно за процентот на реализација на емисијата, најдоцна во рок од пет работни дена од завршување на приватната понуда. Известувањето во пропишана форма се поднесува до Комисијата за хартии од вредност и се објавува во еден дневен весник што излегува на територија на Република Северна Македонија.
Друштвото ја известува Комисијата за хартии од вредност за уписот на зголемувањето на основната главнина во трговскиот регистар и за регистрација на новоиздадените акции во депозитарот за хартии од вредност, најдоцна во рок од пет работни дена по уписот во Централниот депозитар за хартии од вредност.
Постапка за распределба на хартиите од вредност помеѓу одделните купувачи во случај на приватна понуда
Член 14
Новоиздадените хартии од вредност се наменети за запишување и уплаќање на хартии од вредност од еден познат купувач институционален инвеститор, кој во едно е и постоечки акционер во Друштвото.
Идентитет на познати купувачи при приватна понуда
Член 15
Новоиздадените хартии од вредност се наменети за запишување и уплата од страна на Владата на Република Северна Македонија со седиште во Скопје на ул. „Булевар Илинден“ бр.2, со ЕМБС 4064674.
Висината на паричниот влог изнесува 3.310.800,00 евра.
По уплатата и запишувањето на новоиздадените хартии од вредност, Владата на Република Северна Македонија се стекнува со 33.108 обични акции.
Извори на средства
Член 16
Средствата се обезбедени во Буџетот на Министерството за економија за 2023 година на сметка 100011554763715, Потпрограма 3Д-Гасификација,
ставка 485 Вложувања и нефинансиски средства.
Останати одредби
Член 17
Се задолжува извршниот директор на Друштвото да ја извести јавноста за втората емисија на хартии од вредност со објавување на соопштение во еден дневен весник што излегува на територија на Република Северна Македонија.
Се задолжува извршниот директор на Друштвото да ја извести Комисијата за хартии од вредност и јавноста за реализацијата на хартиите од вредност, да изврши упис на емисијата во Централниот регистар на Република Северна Македонија, упис на новоиздадените акции во Централниот депозитарот за хартии од вредност, како и да ја извести Комисијата за хартии од вредност за уписите, во законски предвидените рокови за секое поединечно дејствие.
Член 18
Се овластува Одборот на директори на Друштвото по завршување на емисијата да изготви Пречистен текст на Статутот на Друштвото, во кој ќе се изврши усогласување на одредбите кои ја уредуваат  основната главнина и бројот на акциите.
Член 19
За се што не е уредено со оваа одлука важат одредбите од Законот за хартии од вредност, Законот за тр- говските друштва и подзаконските прописи од Комисија за хартии од вредност.
Член 20
Рокот за спроведување на оваа одлука е една година сметано од денот на нејзиното влегување во сила.
Член 21
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2985/6                                                  Претседател на Владата
11 април 2023 година                           на Република Северна Македонија,
Скопје                                                        д-р Димитар Ковачевски, с.р.