Врз основа на член 30 став 1 алинеја 5 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 18 април 2023 година, донесе
О Д Л У К А ЗА ЗАБРАНА НА ПРОДАЖБА НА ОДДЕЛНИ НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ
Член 1
На правните и физичките лица кои вршат трговија на нафтени деривати на мало им се забранува да вршат промет на масло за горење екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ-1 со содржина на сулфур најмногу до 0,1% (m/m), на бензинските станици во периодот од 20 aприл до 15 oктомври 2023 година.
На производителите, трговците на големо и увозниците со нафтени деривати им се забранува да вршат продажба на масло за горење екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ-1 со содржина на сулфур најмногу до 0,1% (m/m), на трговците на маcло (бензинските станици), во периодот од 20 април до 15 октомври 2023 година.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3583/5 Претседател на Владата
18 април 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.р