Врз основа на член 24 став (1) точка 2) алинеја 15, а во врска со член 93 став (3) точка 8) од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија” бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 96/19 и 236/22), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на седницата одржана на 10 април 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПЛАНОТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ ЗА 2023 ГОДИНА
1. Се одобрува Планот за одржување на електродистрибутивниот систем за 2023 година, доставен од Друштвото за дистрибуција на електрична енергија ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ.
2. Се задолжува Друштвото за дистрибуција на електрична енергија ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ, Планот за одржување од точка 1 од оваа одлука да го објави на својата веб страница.
3. Оваа одлука влегува со сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Регулаторна комисија за
енергетика и водни услуги на
Бр.12-87/4 Република Северна Македонија
10 април 2023 година Претседател,
Скопје Марко Бислимоски, с.р