Со овој закон се уредува основањето, организација, делокругот на работа, начинот на вршење на работата и раководењето на Управата за водење на регистарот на задолжително социјално осигурување, структурата, содржината, податоците и начинот на водење на регистарот- на задолжително социјално осигурување, условите за негово користење, регистрацијата на пријави, одјави и промени во задолжително социјално осигурување, размената на податоци помеѓу надлежните органи и другите субјекти, како и правата и обврските на субјектите кои учествуваат во задолжително социјално осигурување, овластувањата и одговорностите при собирањето, евидентирањето и обработката и заштитата на податоците во врска со работите на Управата кои произлегуваат од овој закон.
Целта на овој закон е да се воспостави единствен регистарски систем на управување и евиденција на сите податоци поврзани со системот на задолжително социјалното осигурување која ќе придонесе за ефикасно остварување на правата и обврските кои произлегуваат од таквото осигурување.
Текст на Нацрт на Закон за регистар на задолжително социјално осигурување