Врз основа на член 22 став 2 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/21, 215/21, 295/21 и 150/22) министерот за економија, донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА МИНИМАЛНО-ТЕХНИЧКИТЕ УСЛОВИ ВО ПРОДАЖНИ ОБЈЕКТИ ВО КОИ СЕ ВРШИ ТРГОВИЈА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈА НА МАЛО
Член 1
Во Правилникот за минимално-техничките услови во продажни објекти во кои се врши трговија на големо и трговија на мало („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.290/22), во членот 20 став 1 се додава нова алинеја 1 која гласи:
„- да има најмалку 6.000 м2 вкупна внатрешна површина;“. По ставот 3 се додава нов став 4 кој гласи:
„Во трговскиот центар (мол) стоките од ставот 3 на овој член треба да се продаваат во најмалку 10 продавници и најмалку два штанда или киосци.“.
Ставот 4 станува став 5.
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 11-1622/4
7 април 2023 година Министер за економија,
Скопје Крешник Бектеши, с.р.