„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ

13.04.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 10 април 2023 година.
 
Бр. 08-2235/1                                                                                    Претседател на Република
10 април 2023 година                                                                       Северна Македонија,
Скопје                                                                                                  Стево Пендаровски, с.р.
                                                                Претседател
                                                     на Собранието на Република
                                                          Северна Македонија,
                                                            м-р Talat Xhaferi, с.р.
 
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Во Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” брoj 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14, 188/14, 20/15, 61/15, 97/15, 129/15, 147/15, 154/15, 173/15, 217/15, 27/16, 120/16, 132/16, 35/18, 220/18 и 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” брoj 180/19, 275/19, 31/20, 267/20 и 67/22), во член 164-б став (1) во алинејата 1 бројот „540“ се заменува со бројот „218“, a бројот „716“ се заменува со бројот „393“.
Во алинејата 2 бројот „430“ се заменува со бројот„108“, a бројот „540“ се заменува со бројот „217“.
Во алинејата 3 бројот „300“ се заменува со бројот „1“, a бројот „400“ се заменува со бројот „77“.
По ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
„(2) Дел на платата од ставот (1) на овој член е и минималната плата, која министерот за труд и социјална политика ја објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ согласно со закон.“.
Ставот (2) кој станува став (3) се менува и гласи:
„(3) Делот на плата за работниот стаж на административниот службеник се вреднува во износ од 0,5% од збирот на делот на плата пресметана според бодови по категории од ставот (1) на овој член и минималната плата, за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%.“.
Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (4) и (5).
Член 2
Одредбите од членот 1 од овој закон, со кој во членот 164-б се менуваат став (1) алинеите 1, 2 и 3 и став (2) кој станува став (3) и се додава нов став (2), ќе започнат да се применуваат со исплатата на мартовската плата во месец април 2022 година.
Член 3
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.