Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија(*) („Службен весник на Републикa Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10,158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Републикa Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 11 април 2023 година, донесе
O Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО
Член 1
Во Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/23) во членот 1 алинејата 4 се брише.
Член 2
Во членот 2 ставот 1 се менува и гласи:
„Највисоките цени на производите од членот 1 од оваа одлука, во трговијата на мало, се утврдуваат во висина:
- до 95 денари за килограм свежи домати,
- до 95 денари за килограм свежи краставици,
- до 70 денари за килограм кромид,
-до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки,
- до 95 денари за килограм грав,
- до 110 денари за килограм леќа,
- до 75 денари за килограм банани,
- до 60 денари за килограм портокали,
- до 65 денари за килограм мандарини и
- до 60 денари за килограм лимони.“.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, a ќе се применува до 30 април 2023 година.
Бр. 41-3848/3 Претседател на Владата
11 април 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.р.