Врз основа на член 31 став 4 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.282/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 март 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА
ПРОГРАМАТА ЗА ВОДОСТОПАНСТВО ЗА 2023 ГОДИНА
I .
Во Програмата за водостопанство за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 32/23), делот VIII се менува и гласи:
„Плаќањето на средствата за реализација на мерките од дел II од оваа програма ќе се врши на економски оператори или физички лица врз основа на решение на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, кон кое ќе биде доставена документација од авансни фактури, авансни ситуации, времени ситуации, завршни ситуации или фактури, со прикажаните извршени работи или услуги, потврдени од страна на надзорниот орган или ревидентот или склучени спогодби и судски одлуки за висина на надоместок за експропријација и договори за надомест на штета за пренамена на земјиште.“
II .
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3381/3 Прв заменик на претседателот на Владата на
29 март 2023 година Република Северна Македонија,
Скопје д-р Artan Grubi, с.р