Врз основа на член 30 став 1 алинеја 6 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 6 април 2023 година, донесе
О Д Л У К А ЗА
ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД
Член 1
Со оваа одлука се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон кои ги увезуваат производите и ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи и на зелените пазари, да прибавуваат и/или да продаваат свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони.
Член 2
Трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови овошје и зеленчук, да прибавуваат и да продаваат најмалку 70% од овошјето и зеленчукот од членот 1 од оваа одлука, од количините што редовно се прибавувале и продавале во март 2023 година.
Трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, кои го увезуваат овошјето и зеленчукот од членот 1 од оваа одлука и гo продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи и на зелените пазари, имаат обврска најмалку 70% од увезените количини на овошје и зеленчук да ги стават во промет на домашниот пазар.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 30 април 2023 година.
Бр. 41-3646/3
6 април 2023 година Прв заменик на претседателот на Владата на Република
Скопје Северна Македонија,
д-р Artan Grubi, с.р. _____________