„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
09.04.2023
Целта на овој предлог закон е да се овозможи ефикасна изградба и ставање во употреба на државни патишта како градби чија изградба е предвидена со Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, како и на магистрален гасовод со оглед на светската енергетска криза. Начела врз кои се заснова законот се економичност и ефикасност на постапката. Основните решенија се во насока на прецизирање на начинот на проектирањето, ревизијата, изградбата, надзорот над изградбата, ставањето во употреба и запишувањето на предметните градби.