„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало

04.04.2023

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Републикa Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10,158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Републикa Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 3 април 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО
Член 1
Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало нa следните производи:
- свежи домати,
- свежи краставици,
- кромид,
- карфиол,
- свежи зелени пиперки,
- грав,
- леќа,
- банани,
- портокали,
- мандарини и
- лимони.
Член 2
Највисоките цени на производите од членот 1 од оваа одлука, во трговијата на мало, се утврдуваат во висина:
- до 70 денари за килограм свежи домати,
- до 75 денари за килограм свежи краставици,
- до 60 денари за килограм кромид,
- до 70 денари за килограм карфиол,
- до 90 денари за килограм свежи зелени пиперки,
- до 75 денари за килограм грав,
- до 110 денари за килограм леќа,
- до 70 денари за килограм банани,
- до 55 денари за килограм портокали,
- до 60 денари за килограм мандарини и
- до 55 денари за килограм лимони.
Највисоките цени на производите од членот 1 од
оваа одлука, во трговијата на мало, утврдени во ставот
1 на овој член ќе се применуваат и на зелените пазари.
Член 3
Највисоките цени на производите од членот 2 од оваа одлука ќе се применуваат од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година.
Член 4
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3467/3                                                                          Прв заменик на претседателот
3 април 2023 година                                                 на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                                 д-р Artan Grubi, с.