Врз основа на член 21 од Законот за пензиско и ин- валидско осигурување („Сл. весник на РМ“ бр. 98/2012; 166/2012; 15/2013; 170/2013; 43/2014; 44/2014; 97/2014; 113/2014; 160/2014, 188/2014,20/15, 61/15, 97/15, 129/15, 147/15, 154/15, 217/15, 13/16, 27/16, 120/16, 132/16, 35/18, 220/18, 245/18, 180/2019, „Сл. весник на РСМ“ бр. 180/19, 275/19, 31/20 31/20, 267/2020, и 67/22) и Соопштението на Државниот завод за статистика за исплатена просечна бруто плата по вработен во Република Северна Македонија бр. 4.1.23.17 од 22.2.2023 година, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, ја утврдува и објавува
Висината на пензиските основици за осигурениците и лицата кои не оствариле плата односно надоместок на плата по 1 јануари 1970 година, според стручната подготовка изнесува:
- за висока стручна подготовка 30.321,00 денари
- за виша стручна подготовка или подготовка за висококвалификуван работник 25.299,00 денари
- за средна стручна подготовка или подготовка за квалификуван работник 22.954,00 денари
- за стручна подготовка на полуквалификуван работник односно нижа стручна подготовка...20.255,00 денари
- за осигуреници и лица без стручна подготовка 19.522,00 денари
2. Износите од точката 1 на ова известување се смета како просечна плата остварена во 2022 година и служи за утврдување на пензиската основа на осигурениците односно лицата кои не оствариле плата, а кои право на пензија остваруваат во 2023 година.
Бр. 12-1272/3
2 март 2023 година в.д. Директор,
Скопје Dritan Bexheti, с.р.