„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
13.02.2026
Предлагачи се група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Со предложениот закон ќе се постигнат следниве примарни цели: овозможување полагање на возачкиот испит на јазиците на сите заедници споменати во преамбулата на Уставот, зголемување на безбедноста во сообраќајот и унапредување на правата на заедниците. Дополнително со овие одредби се очекува да се постигне намалување на трошоците за полагање, зголемување на процентот на успешно положени испити, подобрување на економските можности и зајакнување на социјалната кохезија.