„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
12.02.2026
Надлежно е Министерство за социјална политика, демографија и млади.
Целта на Предлогот на Закон за социјалните претпријатија e да се овозможи:
-развој на социјалното претприемништво преку функционирање на социјални претпријатија,
-создавање поволна деловна средина за развој на социјалните претпријатија,
обезбедување правно признавање на социјалните претпријатија, видливост и препознавање на потребата за нивниот развој од страна на институциите, агенциите и фондовите и останатитеопштествени чинители, како иновативен модел за вработување, социјална интеграција на лицата од социјално ранливи групи, обезбедување на производи и/или услуги,
-можност за инвестирање, еднаков пристап на социјалните претпријатија до фондовите за развој, програмите за поддршка за вработување и за унапредување на работењето и вклучување во социјални иновации,
-разбирање на концептот на социјално претприемништво и на различните форми и модалитети на работа на социјалните претпријатија.
Донесувањето на Закон за социјалните претпријатија ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, ќе го поттикне економскиот раст на економијата, а со тоа ќе се придонесе за зголемен вкупен економски раст и развој во Република Северна Македонија, како и за активација на корисниците различни видови на социјална помош.
Со овој пропис на системски начин се регулира функционирањето на социјалните претпријатија кои со своето работење ќе имаат значајна улога за развој на економијата, преку нивната работа на пазарот на трудот и иновативен начин на вработување на одредени категории на невработени лица.