Целта на Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам(*) е негово усогласување со одредбите од 5-та ЕУ Директива за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година (2018/843), како и:
- се воведуваат нови дефиниции или дефинициите се усогласуваат со новите позитивни прописи, а со кои се уредени одредени поими кои се употребуваат во законот;
- се редифинира опсегот на субјектите кои се задолжени да преземаат мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам;
- обврските за субјектите кои се однесуваат на идентификација се доведуваат во линија со 5-та ЕУ Директива и стандардите на ФАТФ;
- се редефинира пристапот кон непрофитните организации, односно засилените мерки на анализа;
- се поширува бројот на субјекти кои доставуваат извештаи до Управата;
- се прецизираат надлежностите на Управата за финансиско разузнавање, како и одредбите за соработката на Управата со други надлежни органи и единици за финансиско разузнавање на други држави;
- се унапредуваат дигитализираните процеси за работа, како и размената на информации и податоци да се одвива по заштитен електронски пат или преку Националната платформа за интероперабилност;
- се предвидуваат други измени.