„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.150 ОД 1 ЈУЛИ 2022 ГОДИНА)

05.07.2022

 Со членот 1 се допрецизираат одредбите од членот 22 од Законот со кој се утврдени објектите кои мора да ги исполнуваат минимални техничките услови како и други услови пропишани со закон во зависност од видот и начинот за вршење на трговија.

Со членот 2 се допрецизираат одредбите од членот 25 од Законот, со кои е уредено дека трговија на мало не може да се врши во недела и на празници кои се определени како неработни денови согласно членот 2 од Законот за празници. Со истиот член се допрецизираат утврдените исклучоци во трговијата на мало за кои е дозволено работа во ден недела и на празници. Станува збор за продавници, киосци и штандови во туристичките места, бензинските станици и продавниците во нивен состав, продавниците во трговските центри (молови), слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми после царинските контролни точки и цветните пазари. Исто така, се прецизира и основицата врз основа на која ќе се пресметува надоместокот во висина од 2% остварен во продавниците во состав на бензинските станци, при што за остварен приход ќе се смета вкупниот приход остварен од трговија на мало, без приходот остварен од продажбата на моторни горива (нафтени деривати). Дополнително, се утврдува работното време за продавниците во туристичките места и се вршат одредени измени во однос на работното време за штандовите и киосците каде што се продаваат добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела и специјализираните продавници или киосците за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност. Последно, се уредува дека средствата од надоместокот во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година, утврден за трговците на мало за продавниците во состав на бензинските станици и продавниците во состав на трговските центри (молови), да биде наменет за Фондот за развој и човечки капитал, наместо досегашното законско решение кое предвидува овие средства да бидат наменети за инвестирање во детски градинки.
Со членот 3 и 4 извршено е допрецизирање на одредбите во делот спроведување на надзорот над примената на Законот, од страна на надлежните инспекциски органи, со цел доследна примена на истите. 
Со членот 5 менува членот 55-а.
Со членот 6 се брише членот 3 со кој се додава нов член 55-а Законот за трговија
(„Службен весник на Република Северна Македонија 215/21).
Со членот 7 од се врши усогласување на глобите со предложените законски измени.
Со членот 8 е уредено влегувањето во сила на овој закон.